Панатинаикос му врати на Макаби и ја врати серијата во Атина

151

Кошаркарите на Партизан го изедначија резултатот против Макаби (2-2) во четвртфиналната серија на Евролигата. Вечерва ПАО славеше во Белград со резултат 95:88 и сега има големи шанси на свој терен да слави и да се пласира на Ф4.
Мечот добро го почна Панатинаикос имаше +8, а до краот на првата четвртина израелскиот тим успеа да сврти. Ниту еден тим не успеваше да се одлепи на двоцифрена разлика се до последната четвртина кога „зелените“ успеаја да одговорат на серијата на Макаби од 13:1 и притоа да го приведат мечот до крај.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Кендрик Нан со 27 поени и Костас Слукас со 20 поени. Кај Макаби најмногу поени постигна Лоренцо Браун – 17, додека по 14 постигнаа Тамир Блат и Бонзи Колсон.

ПретходноЛК: Олимпијакос победи во Англија и е пред финале, Фиорентина во финишот славеше против Бриж
СледноЊујорк ја исфрли Филаделфија, крај за Милвоки (ВИДЕО)