Погледнете ја драмата во ЛШ: Карачиќ клекна пред судиите, Душебаев се држеше за глава (ВИДЕО)

13005

Мгадебург оди во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали беше подобар од Кјелце. Тоа беше дуел на минатогодишните финалисти, а откако ракометарите на Киелце беа подобри во Полска со минимална разлика, бранителот на титулата возврати на ист начин на домашен терен во Германија.

Драматичната средба ја одбележа и контроверзната судиска одлука на крајот од мечот. Кјелце имаше напад за полуфинале, а топката заврши во рацете на Даниел Душебаев, кој при прекршок ја исфрли на линијата, Каралек остана во чиста мрежа, но шведските судии веднаш досудија прекршок врз Душебаев.

Ракометарите на Кјелце не можеа да се помират со таа одлука, а еден од најгласните на протестите беше Игор Карачиќ, кој клекна пред судиите. Во неверување беше и тренерот на Киелце, Талант Душебаев, кој истрча на теренот и се држеше за глава.

Во пенал серијата по првите пет серии беше реми 3-3, Волф повторно беше неверојатен, пенали за гостите не реализираа поранешните вардарци Алекс Дујшебаев и Игор Карачиќ.

ПретходноЛука Дончиќ го урна рекордот на Џордан, Далас победнички (ВИДЕО)
СледноЦела јавност зборува за објавата на Дортмунд за Џејдон Санчо