Сакаа да ги понижат Дончиќ и Далас: Поставија билборд пред салата, па им се удри од глава!

6443

Лука Дончиќ доминира и кога не е целосно фит. И покрај настинката и здравствените проблеми, тој постигна 35 поени во победата над Клиперс во Лос Анџелес и му донесе водство на Далас од 3:2 во серијата (123:93). Се чини дека имал дополнителна мотивација. Веројатно видел контроверзен транспарент…

Фирмата „Скајскенер“ сакаше да си направи реклама и да ги понижи Дончиќ и Мавс. Низ салата во Лос Анџелес, таа остави дигитален билборд на кој пишуваше: „Од Далас до Канкун, посетете ја нашата страница за одлични зделки“.

Со оглед на тоа што Дончиќ е активен на социјалните мрежи, не би било изненадување сето ова да го види пред натпреварот и дека сето тоа му било „дополнително гориво“ во период кога не се чувствувал најдобро на здравствена план. Следниот меч се игра во Тексас, а доколку Мавси го одбранат домашниот терен ќе обезбедат премин во полуфиналето на Западот и дуел со Оклахома. Во тој случај Клиперс ќе можат да почнат да резервираат билети за споменатото одморалиште.

Претходно10 години од смртта на Илија Атанасовски – Ико
Следно„Испив осум пива, јазикот ми се „плетка“, кажа Карагер пред интервјуто со Санчо (ВИДЕО)