10 години од смртта на Илија Атанасовски – Ико

180

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците на самостојна ФСМ, Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Беше фудбалер, тренер, членуваше во комисиите на УЕФА и на ФИФА, беше фудбалски историчар.

„Ќе остане запаметен и како автор на енциклопедијата на македонскиот фудбал со наслов „Ние сме едно големо фудбалско семејство“. Неговото дело даде само потврда дека фудбалот беше опсесивна тема за Ико.

Великан на фудбалот. Голем и како човек и како играч и како функционер.

Во ФФМ работеше цели 26 години, а во тој период заедно со тогашниот претседател на Федерацијата, Љубисав Иванов – Ѕинго, Фудбалскиот сојуз на Македонија беше примен во УЕФА и во ФИФА.

Исклучително ценет од колегите и од спортските работници. Ќе биде запаметен како еден од големите спортски работници кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на македонскиот фудбал“, стои во објавата на ФФМ.

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА е во зона на паѓање
СледноСакаа да ги понижат Дончиќ и Далас: Поставија билборд пред салата, па им се удри од глава!