Секоја чест на Тиквеш, секоја чест за тренерот Ѓорѓи Мојсов кој вчера и дефинитивно покажа дека е нашиот најталентиран стратег и дека пред него е блескава тренерска кариера. Неговиот тим водеше со Струга ТЛ 1:0, па губеше со 1:2 на свој терен, но на крај Тиквеш победи со 3:2 во неверојатен и фантастичен трилер меч кој веројатно ја однесе титулата од витрините на Струга ТЛ.
Да не заборавиме дека Тиквеш ќе игра и во финалето на Купот на Македонија, а првенството веројатно ќе го заврши на 4.место, веднаш зад екипите кои се борат за титулата.
Секоја чест за Тиквеш и секоја чест за Мојсов.