Јетон Беќири: Шкендија сега е во ситуација каде што сакаше да биде!

176

Вчера во Тетово во вистински трилер меч, Шкендија со 3:2 ја победи Брера и успеа да се искачи на врвот на табелата по ова 30.коло, искористувајќи ги киксовите на Струга ТЛ и Шкупи. Па така сега сите три екипи во последните три кола во битката за титулата влегуваат со по 58 бода.

Треба да се каже дека вчера Шкендија губеше со 0:2, но сепак во финишот со фантастичен пресврт дојде до победата.

Свој коментар за сите овие настани има Јетон Беќири, стратегот на тетовските “црвено – црни“:

Мислам дека и покрај се ние ја заслуживме победата. Сега сме во ситуација каде што сакавме да бидеме, со ист број бодови како и нашите конкуренти, а се знае дека најважното допрва доаѓа. Нема потреба од еуфорија по вчерашниот меч, веќе во сабота не чека тешко гостување кај Шкупи, па потоа играме дома со Струга ТЛ, на крај со Работнички на гости. Нема да биде лесно, напротив, но јас верувам во екипата, во играчите дека на крајот ќе се радуваме“ истакна покрај другото Беќири.

ПретходноСтоилковска го заврши настапот на фјучрсот во Србија
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)