ГРК Охрид им се врати на победите

78
ФОТО: ГРК Охрид

По двата порази во низа од Алкалоид и Пелистер, ГРК Охрид им се врати на победите. Избраниците на Стевче Алушовски на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога против Пролет, славе со 29-22 во меч од 12. коло во плеј-офот. Со овој триумф, охриѓани се доближија на бод до третпласираниот Алкалоид, кој има 27 бодови.

Ракометарите на домашниот тим не дозволија драма, па мечот го решија уште во првото полувреме по кое имаа водство од шест гола (16-10). Неизвесност имаше во воведните минути, по што охриѓани со една серија поведоа со 11-6, доволно за да го наметнат своето темпо. Вториот дел беше само рутина за ГРК Охрид.

Цирар имаше седум погодоци, еден помалку запиша Орјоникидзе. Кај Пролет за кого ова беше 10. пораз, Арсеновски, Палевски, Стојановски и Андоновски имаа по четири гола.

ПретходноОва е вилата на Јокиќ од 4,5 милиони долари со 29 соби! (ВИДЕО)
СледноПочнува ерата без Клоп: Ливерпул го претстави дресот за следната сезона! (ФОТО)