Во продажба билетите за Вардар – Висла Плоцк

1

Вардар на 8 октомври го пречекува полскиот тим Висла Плоцк во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите. Средбата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20,45 часот.

Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен дел од борбата за позитивен резултат. Билетите за натпреварот се пуштени во продажба.

Цените на билетите се: – Блокови A1, A2, A3, A4, A5 и A6 – 600 денари – Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15 и 16, како и блок G – 500 денари – Блокови 1, 2 и 9, како и блок A – 400 денари

Продажбата ќе се врши преку Vticket – https://vtickets.mk/event/rk-vardar-orlen-visla-plock/237 и директно во фаншопот во СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот, а во сабота од 10 до 15 часот.

Вардар ги замолува сите навивачи кои ќе присуствуваат на натпреварот да пристигнат навреме во СЦ „Јане Сандански“, со цел да се избегне создавање метеж на влезот во салата.

 

 

ПретходноМакедонија У21 за прв пат во квалификациите со Таневски како селектор