Македонија У21 за прв пат во квалификациите со Таневски како селектор

64

Маакедонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска во Битола на стадионот Петар Милошевски го игра претпоследниот дуел од актуелните квалификации.
Наш противник од 18:00 часот е репрезентацијата на Црна Гора. И двете репрезентации одамна ги загубија шансите за нешто повеќе во оваа кампања, па овој дуел е само уште еден од оние за да се доигра циклусот што се вели.

Македонија во него влегува со нов селектор, откако досегашниот Горан Станиќ си беше сменет од страна на претпоставените, и беше поставен Александар Таневски.

Тој веќе го имаше своето неофицијално деби, на пријателскиот меч против Русија во Скопје пред неколку дена, а сега ќе го има своето официјално, натпреварувачко.

Тој најави промени во ростерот, а тоа и се случи, па во овој состав нема многу од оние кои што ги играа претходните мечеви. Секако, во прв план тука се мисли за Матеј Гаштаров односно Енес Мелиќи кои што дебитираа веќе и за А репрезентацијата, а ги нема и капитенот Мартин Ѓорѓиевски на пример, и ред други играчи кои што завршуваат со У21 генерагијата на крајот од овој циклус.

Македонија во моментов по осум одиграни мечеви има шест бода, а Црна Гора десет на своето конто. На 5. октомври го играме последниот меч од овие квалификации на гости против Шведска.

 

ПретходноНе се чекаше многу: Еве кој ќе го носи легендарниот дрес со бр.7 на Португалија!
СледноВо продажба билетите за Вардар – Висла Плоцк