Баер Леверкузен по освојувањето на шампионската титула во Германија е на чекор до финалето во Лига Европа по вечерашната голема победа во Рим против Рома со 0:2. „Непобедливите“ од Леверкузен ја продолжија низата без пораз, а оваа победа им ја подотвори вратата за пласман во првото европско финале по 2002 година.
Флоријан Вирц и Роберт Андрих ја обезбедија победата на Баер на „Олимпико“.
Да кажеме дека Баер покрај финалето во ЛШ во 2002 година (пораз од Реал Мадрид) има и пехар од Купот на УЕФА (сегашна Лига Европа) од 1988 година.
На другиот полуфинален меч Марсеј и Аталанта одиграа 1:1. Тимот од Бергамо поведе со погодок на Скамака во 11 минута, а изедначи Мбемба во 20 минута. Тоа беше и конечниот резултат, па патникот во финалето ќе се решава на реваншот во Бергамо.