Челзи славеше во градското дерби со Тотенхем

223

Во заостанатиот меч од 26 коло на англиската Премиер лига, екипата на Челзи го совлада Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“ со 2:0. „Сините“ беа подобар противник, уште на стартот Челзи можеше да поведе кога по шутот на Николас Џексон еден играч на Тотенхем успеа да спаси од гол-линијата, а потоа Палмер не успеа да погоди од неколку метри.
Челзи доаѓа до гол во 24. минута. По нафрлување на Галахер, на вистинско место се најде Чалоба кој со глава го совлада голманот на Тотенхем.
Мудрик промаши шанса во 32 минута, а Ромеро во 39 минута пропушти да го изедначи резултатот.
Во 72 минута Кол Палмер од слободен удар ја погоди пречката, а топката се одбива до Џексон кој со глава ја погодува мрежата и го решава победникот.
Џексон има 11 премиерлигашки голови оваа сезона, а четири се против Тотенхем. Само Џими Флојд Хаселбенк има повеќе (пет) против Тотенхем во една сезона (2001/02).

Тотенхем може да се поздрави со ЛШ. Заостанува седум бодови зад четвртопласираниот Астон Вила, а Челзи е осми со 51 бод.

ПретходноБарселона го елиминира ПСЖ и е четвртиот патник на Ф4 во Келн
СледноЛЕ: Баер го покори и Рим и е на чекор од европско финале после 22 години!