Барселона го елиминира ПСЖ и е четвртиот патник на Ф4 во Келн

419

Екипата на Барселона е четвртиот и последен патник на Фајнал фор ракометниот турнир во Келн во рамките на Лигата на шампионите. Барселона и на реваншот беше подобра од Пари Сен Жермен и го чекираше билетот за Ф4.

На првиот меч во Париз, каталонскиот тим славеше со 30-22, а вечерва беше понеизвесно, но победата повторно им припадна на Шпанците со 32-31.
Најефикасен кај Барса беше Дика Мем со 7 гола, шест постигна Фраде, а пет Јанц.
Кај ПСЖ, Пранди реализираше 10 гола. Да кажеме дека во 50 и 58 минута црвени картони заработија Лука Карабатиќ и Саду Нтанзи, двајцата од ПСЖ.

На завршниот турнир покрај Барселона се пласираа дански Алборг и германските тимови Кил и Магдебург. Ф4 во Келн ќе се одржи на 8 и 9 јуни во „Ланксес арена“.

ПретходноТен Хаг: Нема да го продадеме цел тим, не пишувајте глупости
СледноЧелзи славеше во градското дерби со Тотенхем