Тен Хаг: Нема да го продадеме цел тим, не пишувајте глупости

614

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги коментираше шпекулациите дека клубот планира летоска да продаде поголем дел од играчите и да ги замени со нови.
Нема да го продадеме цел тим, не пишувајте глупости. Секое лето иста приказна: Манчестер Јунајтед се интересира за 200 фудбалери, а притоа ги продаваме сите оние што ги имаме. Кога се пишуваат такви работи, мора да превземете одговорност за таквите наслови“, изјави Тен Хаг.
Холанѓанецот пред неколку денови изјави дека нема да дава изјави за три британски медиуми.
По мечот со Барнли во Премиер лигата, Тен Хаг изјави дека нема да одговара на прашања на новинари од медиумите „Сан“, „Манчестер Ивнинг Њуз“ и „Мирор“. Причината е поради „непочитувањето“ кон тимот по дуелот со Ковентри во полуфиналето на ФА Купот.

ПретходноЕвролига: Олимпијакос се избори за мајсторка против Барселона
СледноБарселона го елиминира ПСЖ и е четвртиот патник на Ф4 во Келн