Евролига: Олимпијакос се избори за мајсторка против Барселона

137

Екипата на Олимпијакос беше на чекор од елиминација, но во четвртиот меч од четвртфиналната серија на Евролигата покажа дека има шампионски карактер. Грчкиот великан, актуелен вицешампион на Европа, избори мајсторка откако во Пиреја ја совлада Барселона со убедливи 98:58 (актуелниот резултат во серијата е 2-2).

„Каталонците“ водеа по првта четвртина, но клучниот момент беше втората четвртина која грчкиот великан ја доби со 32:14 и направи разлика од 19 поени, а потоа лесно го отвори патот до победата.

Шекил Мекисик со 21 поен беше најефикасен во Олимпијакос, Мустафа Фал имаше 12 поени (сите во првата четвртина). Кај Барса единствен играч со двоцифрен ефект беше Џабари Паркер со 10 поени.
Мајсторката е во Каталонија на 8 мај.

ПретходноМаестрален кам-бек: Кил надополни -9 и се пласира на Ф4 во Келн
СледноТен Хаг: Нема да го продадеме цел тим, не пишувајте глупости