Маестрален кам-бек: Кил надополни -9 и се пласира на Ф4 во Келн

248

Екипата на Кил ќе игра на Фајнал фор турнирот во Келн откако успеа да направи подвиг и да надополни негатива од девет голови во дуелот со Монпеље. Французите славеа на првиот меч од четвртфиналниот дуел во ЛШ со 39:30, но вечерва популарните „зебри“ направија маестрален кам-бек и го совладаа противникот со 31:21 и се пласираа на завршниот турнир.
Покрај Кил, на завршниот турнир ќе учестуваат данскиот Алборг и германски Магдебург. Четвртиот патник ќе се бара вечерва, помеѓу ПСЖ и Барса. Шпанците славеа на првиот меч на домашен терен со 30-22.

ПретходноПочнува ерата без Клоп: Ливерпул го претстави дресот за следната сезона! (ФОТО)
СледноЕвролига: Олимпијакос се избори за мајсторка против Барселона