Мгадебург оди во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали беше подобар од Кјелце. Тоа беше дуел на минатогодишните финалисти, а откако ракометарите на Киелце беа подобри во Полска со минимална разлика, бранителот на титулата возврати на ист начин на домашен терен во Германија.
Драматичната средба ја одбележа и контроверзната судиска одлука на крајот од мечот. Кјелце имаше напад за полуфинале, а топката заврши во рацете на Даниел Душебаев, кој при прекршок ја исфрли на линијата, Каралек остана во чиста мрежа, но шведските судии веднаш досудија прекршок врз Душебаев.
Ракометарите на Кјелце не можеа да се помират со таа одлука, а еден од најгласните на протестите беше Игор Карачиќ, кој клекна пред судиите. Во неверување беше и тренерот на Киелце, Талант Душебаев, кој истрча на теренот и се држеше за глава.
Ale drukarnia w wykonaniu szwedzkich sędziów… To jest niepojęte!!! Mamy rzuty karne. pic.twitter.com/nLkZnEoFPt
— Paweł Nowakowski (@Paw_Nowakowski) May 1, 2024
Во пенал серијата по првите пет серии беше реми 3-3, Волф повторно беше неверојатен, пенали за гостите не реализираа поранешните вардарци Алекс Дујшебаев и Игор Карачиќ.