Њујорк ја исфрли Филаделфија, крај за Милвоки (ВИДЕО)

255

Познати се три екипи во полуфиналето во плеј – офот на истокот во НБА. Откако Бостон веќе беше таму, утринава тоа го сторија Њујорк со фантастичниот Џејлен Брансон и Индијана.

Никси ја завршија серијата со Филаделфија со победа од 118:115 за 4:2 а блескаше токму Брансон со 41 поени и 12 асистенции, едноставно одигра симултанка.

Ембид кај поразениот состав исто беше одличен, заврши со 39 поени и 13 скокови, но се беше бадијала. Мораше да го признае поразот во оваа серија.

Крај за Милвоки Бакс, кој едноставно немаше сила да стори ништо повеќе без Јанис Адетокумбо. Индијана утринава славеше со 120:98 за конечни 4:2 во серијата.

Па така сега во полуфиналето на истокот од НБА плеј-офот сезонава се среќаваат токму Њујорк и Индијана.
Во второто полуфинале Бостон го чека победникот од дуелот меѓу Орландо и Кливленд.

ПретходноПанатинаикос му врати на Макаби и ја врати серијата во Атина
СледноНикој ништо не им може: Вака се славеше 35.титула во соблекувалната на Ц. Звезда! (ВИДЕО)