Барди погоди од слободен удар, Трабзонспор загуби (ВИДЕО)

520

Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, постигна убав погодок од слободен удар на денешното гостување на Трабзонспор против Самсунгспор, но не успеа да спречи нов пораз на својот тим.

Трабзонспор загуби со 3:1 на гостувањето кај Самсунгспор, а Барди уште еднаш потврди дека е мајстор за слободни удари. При резултат 2:0 за домашните, нашиот репрезентативец погоди од косо во 32. минута и намали на 2:1. ≥(ВИДЕО)

До крајот на мечот домашните ја вратија предноста од два гола и ги освоија бодовите. За Бардиова беше седми сезонски гол во дресот на Трабзонспор кој останува на третото место на табелата.

ПретходноВардар прв финалист, шампионот поразен во Крива Паланка
СледноПрилеп направи уште еден чекор до опстанок