Вардар прв финалист, шампионот поразен во Крива Паланка

86

Кошаркарките на Вардар се првиот финалист во плеј-офот во женска конкуренција откако вечерва и во вториот меч од серијата беа подобри од Куманово-Гризли, овој пат со 63:61.

Најголемите заслуги за трумфот вреден финале одат кај најискусната кошаркарка, Славица Наков, која со своите пет поени во последните 74 секунди донесе комплетен пресврт.

Кумановки кои водеа во најголем дел од мечот, имаа шанси и да победат, но неуспешни беа обидите на нивните најдобри кошаркарки во завршницата.

Димитријевиќ постигна 14 поени за Вардар, а Тасевска реализираше 13.

За првпат во оваа сезона, кошаркарките на Крива Паланка стигнаа до триумф против екипата која ја брани шампионската титула. На свој терен го надиграа составот на Баскет кам 2011 со конечни 77:71, и на тој начин изедначија на 1-1 во серијата до две победи.

Мазук беше стрелец на 20 поени за домашната екипа, а МекКала постигна 19.

ПретходноЧаир “гореше“ ама Шкендија го изгасна, еуфорија во Тетово каде се гледаше на видеобим, еве како изгледа табелата! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноБарди погоди од слободен удар, Трабзонспор загуби (ВИДЕО)