Светскиот шампион Макс Верстапен, триумфираше на втората спринтерска трка во сезоната, која се возеше како дел од Големата награда на Мајами, шестата рунда од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Возачот на Ред Бул и трикратен светски шампион ја забележа втората победа во спринт сезонава, а воедно го задржа и максималниот резултат на улиците на Мајами, откако победи во претходните две изданија на таа трка.
Како втор денеска заврши Шарл Леклер на Ферари, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше на третото место.
Вечерва на Флорида се закажани квалификациите, а во недела во истиот термин (22 часот) е закажана и трката за Големата награда на Мајами.