ПМФЛ: Шкендија го расплака Чаир, шампионот со триумф, Вардар победи, “лавовите“ и Брегалница и официјално второлигаши (ВИДЕО)

1633

Попладнево се одиграа сите мечеви од 31.“Велигденско“ коло во ПМФЛ. Супер – дербито на Чаир го доби Шкендија со 0:2 и сега е во пол – позиција за титулата, додека Шкупи речиси ги загуби сите шанси. Цаке и Адеми стрелаа за голема победа и покажаа дека Шкендија е во налет, дека во моментов е подобар тим.


 

Струга ТЛ дојде до голема победам, Меритон Гега дебитираше со победа, со екстра значајни три бода и тоа со голот на Радески во првиот дел.

 

Вардар со 1:0 ја победи Македонија ЃП и ја исфрли во Втората лига, стрелец на победничкиот гол беше Ѓуриќ во 90+3. минута.

 

Работнички со 3:1 го реши Тиквеш, блескаше Мазари со два гола а Дејли беше стрелец на еден. Силва од пенал погоди за гостите.




 

Брера и Брегалница одиграа 1:1, бод кој беше недоволен за гостите кои во следната сезона и официјално ќе играат во ВМФЛ.

И во Охрид, домашната Воска со 2:1 го реши Силекс, нема што тимот на Захариевски е во страшна форма.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 31.КОЛО

БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1:1

(Ивковиќ 44./Филиповиќ 11.)

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3:1

(Дејли 28., Мазари 54., 82./Силва 70.)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0:2

(/Цаке 18., Адеми 59.)

СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1:0

(Радески 22./)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0

(Ѓуриќ 90+3./)

ВОСКА – СИЛЕКС 2:1

(Кочоски 31., Шаркоски 90./Ѓорѓиевски 61.)

ПретходноКуртоа се врати, Реал победи и чека почеток на шампионската прослава (ВИДЕО)
СледноГН на Мајами: Верстапен победи и на вториот спринт сезонава