Куртоа се врати, Реал победи и чека почеток на шампионската прослава (ВИДЕО)

501

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Кадиз на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:0 и сега го чекаат настапот на Барселона за евентуално да ја почнат прославата на шампионската титула.

Карло Анчелоти направи дури 10 измени од составот со кој го одигра натпреварот со Баерн Минхен во ЛШ, повеќето од нив за да ги одмори за реваншот следнава недела.

Така беше искористена можноста да се врати Тибо Куртоа на голот за првпат сезонава, откако се опорави од повредата на предните вкрстени лигаменти на коленото. Белгиецот блескаше, а директно влијаеше и на уривање на отпорот на Кадиз.

Головите за победа на Реал беа дело на Диаз (51’), Белингем (68’) и Хоселу (90+3’).

Реал, доколку Барселона не ја победи Жирона, денеска ќе стане нов шампион на Шпанија.

ПретходноЊукасл ги уништи надежите на Барнли, Нотингем Ф. со голем чекор кон опстанок
СледноПМФЛ: Шкендија го расплака Чаир, шампионот со триумф, Вардар победи, “лавовите“ и Брегалница и официјално второлигаши (ВИДЕО)