Њукасл ги уништи надежите на Барнли, Нотингем Ф. со голем чекор кон опстанок

67

Фудбалерите на Њукасл убедливо сo 4:1 славеа на гости кај Барнли и му ги земаа сите шанси на домашниот тим во трката за опстанок во англиската елита. Барнли мораше да го совлада Њукасл на својот стадион за да ја зачува шансата да направи подвиг во последните две кола и да оствари опстанок, особено што во 38. коло го пречекува Нотингем на својот стадион, но „страчките“ кои се обидуваат да обезбедат место во Европа, немаа милост.

Нотингем Форест, пак, го направи потребното и на гостински терен го совлада „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед со 3:1. Со оваа победа на две кола пред крајот „шумарите“ имаат три бода повеќе од Лутон и пет повеќе од Барнли.

Малото лондонско дерби меѓу безгрижниот Брентфорд и тимот на Фулам заврши со почетните – 0:0.

ПретходноМиовски стрела за победа за Абердин
СледноКуртоа се врати, Реал победи и чека почеток на шампионската прослава (ВИДЕО)