Екс тренерот на Лејкерс: Животот ми беше пекол во последните две години

502

Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хем по две сезони на оваа позиција. Под негово водство, Лејкерси остварија учинок од 90-74 победи-порази во лигата и во двете сезони мораа да го заработат патот до плеј-офот преку плеј-ин турнирот.

Минатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција каде загубија од Денвер Нагетс со 0:4, додека годинава веќе во првото коло од плеј-офот повторно налетаа на Нагетс, кои беа подобри оваа време со победа од 4:1.

По поразот на домашен терен во третиот натпревар од овогодинешниот плеј-оф против Нагетс, по што Лејкерси паднаа на негатива од 0-3, навивачите на Лејкерс скандираа да си оди, а самиот Хем на почетокот на оваа недела изјави:

„Последните две години беа пеколни да седите на ова столче, ви велам, тоа беше пекол“.

ПретходноВМФЛ: Денеска и Пелистер става печат на пласман во елитата
СледноМЗТ Скопје пред тешка мисија, Атанасов категоричен: Нема предавање!