ВМФЛ: Денеска и Пелистер става печат на пласман во елитата

517

По две сезони минати во ВМФЛ, денеска Пелистер, еден од нашите клупски гиганти, става печат на пласман во елитата, на враќање таму каде што му е местото. Па така по Беса, тимот од Битола ќе биде вториот тим од оваа сезона во ВМФЛ кој следната ќе игра во ПМФЛ.

Математиките за тимот на стратегот Влатко Костов се јасни. На три кола до крајот битолчани имаат предност пред третиот Детонит од 8 бода, па со денешен триумф кај Башкими во Куманово се ќе биде готово и официјално.

Може да биде готово и со реми и со пораз на Пелистер од Башкими, но тогаш Детонит не смее да победи во Охрид.

Веќе прволигашот Беса гостува кај Охрид, додека Саса го дочекува Кожув, Новаци игра со Караорман, Беласица со Вардар (Н), Осогово со Скопје и Победа со Арсими.

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Охрид – Детонит

Саса – Кожув

Новаци – Караорман

Беласица – Вардар (Н)

Осогово – Скопје

Победа – Арсими

Башкими – Пелистер

Тетекс – Беса

ТАБЕЛА

Беса 70, Пелистер 64, Детонит 56, Арсими 47, Скопје 40, Охрид 39, Вардар (Н) 38, Башкими 38, Беласица 37, Кожув 37, Победа 28, Новаци 28, Тетекс 24, Осогово 23, Саса 20, Караорман 15 …бодови

ПретходноМајсторија на Словенецот: Лука Дончиќ има „очи на грбот“ (ВИДЕО)
СледноЕкс тренерот на Лејкерс: Животот ми беше пекол во последните две години