Мајсторија на Словенецот: Лука Дончиќ има „очи на грбот“ (ВИДЕО)

270

Лука Дончиќ со уште една одлична партија успеа да го истурка Далас во второто коло од плеј-офот. Фантастичниот Словенец имаше 28 поени, 13 скока и 7 асистенции и заедно со Кајри Ирвинг доминираа на овој меч, а еден потег беше особено впечатлив.

Лука Дончиќ уште еднаш покажа колку добро ја разбира кошарката, колку добро ги следи движењата на соиграчите дури и кога изгледа дека не ги гледа. Уживајте во ова мајсторство на Словенецот.

 

На шест меча со Клиперси, Дончиќ постигна 33, па 32, па 22 поени. Потоа постигна 29 поени, па 35 и 28. Во оваа серија забележа три дабл-дабл и два трипл-дабл. Сега неговиот тим ќе игра против Оклахома.

ПретходноНавивач на Аталанта е уапсен поради нацистички поздрав на Велодром
СледноВМФЛ: Денеска и Пелистер става печат на пласман во елитата