Лоши вести за Далиќ на 40 дена пред ЕП

382

Како што одминуваат деновите, така и Европското првенство е се поблиску и поблиску, а фудбалерите на крајот од сезоната, секако оние кои очекуваат да одат на ЕУРО, се молат Господ да не се повреди.

Незаменливиот играч за врска на Торино и хрватски репрезентативец Никола Влашиќ му зададе главоболки на тренерот Златко Далиќ бидејќи мораше да ја напушти играта во 28. минута од натпреварот против Болоња, а причината беше повреда.

При еден спринт во противничкиот шеснаесетник, Влашиќ наеднаш застана и се фати за десната препона, па заврши легнат на тревата.

Иван Јуриќ, тренерот на Торино, реши дека мора да го замени, а по натпреварот зборуваше за него.

“Влашиќ е пример за играч кој се мачи. Веќе два месеци има постојани болки во препоните, но никогаш не престанува. Денеска премногу го болеше и мораше да излезе”, изјави Јуриќ.

За клубот од Италија одигра вкупно 72 натпревари на кои постигна осум гола и додаде 10 асистенции.

Ова е лоша вест за селекторот Златко Далиќ бидејќи Влашиќ одигра 55 натпревари за хрватската репрезентација, постигнувајќи осум гола и забележа три асистенции.

Влашиќ на само 40 дена пред ЕП се повреди и сега е под знак прашалник за учеството на ова натпреварување.

ПретходноНавивачите на Партизан во шок, Пантер го напушта тимот!
СледноВо Суботица претпазливи: МЗТ Скопје точно знае како се играат вакви дуели!