Навивачите на Партизан во шок, Пантер го напушта тимот!

356

Информер“ тврди дека капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе ги напушти црно-белите на крајот од сезоната.

Овој дневен весник наведува дека еден од најдобрите играчи на тимот на Жељко Обрадовиќ решил да си замине иако има договор за уште една сезона.

Американецот мина три години во црно-белиот дрес и минатото лето ја продолжи соработката со белградскиот клуб.

„Кевин го откажува станот на 1 јули и од тој датум повеќе нема да биде во Белград. Неговите соседи тврдат дека им се доверил и наскоро заминува бидејќи веќе го откажал станот“, вели изворот на „Информер“.

Пред тоа Пантер ќе ги доведе играчите да се борат за одбрана на титулата во АБА лигата.

ПретходноПМФЛ: Почнува разврската во битката за титулата, супер – дерби на Чаир, Струга ТЛ со Гега на победа против Гостивар
СледноЛоши вести за Далиќ на 40 дена пред ЕП