ПМФЛ: Почнува разврската во битката за титулата, супер – дерби на Чаир, Струга ТЛ со Гега на победа против Гостивар

347

Попладнево од 17 часот се играат сите мечеви од “Велигденското“ 31.коло во ПМФЛ.

Ако веќе се знае што ни донесе битката за опстанок, испаѓаат Брегалница и Македонија ЃП а Вардар игра бараж, тогаш сите погледи се вперени кон битката за титулата. А таму како никогаш е супер интересно. Три екипи со по 58 бодови влегуваат во последните три кола и само две од ови три ќе излезат во Европа. Значи Шкендија, Струга ТЛ или Шкупи ќе биде шампион, а една од нив ќе биде двоен губитник.

Денеска почнува разврската, на Чаир се игра супер – дерби меѓу Шкупи и Шкендија, а Струга ТЛ со новиот тренер Меритон Гега мора да оди на победа и три бода.May be an image of 7 people, people playing soccer, people playing football, frisbee and grass

Јасно е дека денеска нема да се реши кој ќе биде шампион, но некои работи ќе бидат појасни.

На останатиме мечеви се среќаваат Брера – Брегалница, Вардар – Македонија ЃП, Воска – Силекс и Работнички – Тиквеш.

ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Брера – Брегалница

Вардар – Македонија ЃП

Воска – Силекс

Работнички – Тиквеш

Струга ТЛ – Гостивар

Шкупи – Шкендија

ТАБЕЛА

Шкендија 58, Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера 37, Воска 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26…бодови

ПретходноТомовски: Ќе биде пеколно тешко, но верувам дека ќе се пласираме на Светското првенство!
СледноНавивачите на Партизан во шок, Пантер го напушта тимот!