Мадрид слави, Анчелоти порача: Во среда имаме важен меч, ќе славиме следниот викенд! (ВИДЕО)

796

Фудбалерите на Реал (М) денеска по победата над Кадиз останале на „Сантијаго бернабеу“ да го следат и мечот меѓу Џирона и Барселона. Откако Џирона успеа да слави со 4:2, играчите на Реал ја почнаа и прославата на титулата.

Тренерот Карло Анчелоти ја даде и првата изјава како нов шампион на Шпанија.

„Многу сме среќни, многу среќни, мислам дека сите наши навивачи се многу среќни, го заслуживме тоа и би сакале да славиме со нашите навивачи, но мислам дека навивачите го разбираат тоа, навивачите на Реал Мадрид разбираат. Имаме предизви во среда и мора добро да се подготвиме за да им дадеме уште една радост на навивачите. Ќе ја славиме титулата следниот викенд сите заедно“, порача Анчелоти.

Низ улиците на Мадрид вечерва на големо се слави 36-тата титула во историјата.

ПретходноКасано ги искритикува Инзаги и Алегри
СледноСасуоло, пак, „лапна“ три бода од новиот шампион Интер