Касано ги искритикува Инзаги и Алегри

153

Антонио Касано е познат по својот темпераменти и тоа што зборува без влакна на јазикот. Поранешниот репрезентативец на Италија се појави на настан во Катанија и беше замолен да го коментира триумфот на Интер во Серија А. Поранешниот напаѓач на „нероаѕурите“ не кажа ништо ласкаво за тренерот на тимот Симоне Инзаги, а го критикуваше и Масимилијано Алегри.
Чудно е што медиумите прават Инзаги да изгледа како екстра-тренер само затоа што го освоил Скудетото. Според мене, попрво треба да му се замери што неговиот тим не стана шампион во претходните две сезони, кога Интер завршуваше зад тимови со многу помал потенцијал“, изјави Касано.

Под неговите стрели падна и Масимилијано Алегри, кој се очекува да го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната.
Некои тренери се заштитени од медиумите. Алегри има четири или пет пријатели кои секогаш пишуваат што тој им кажува. Минатата сезона неговите луѓе го критикуваа Анхел Ди Марија, кој шест месеци претходно стана светски шампион. А Аргентинецот е феноменален фудбалер и има постигнато 22 гола за Бенфика во актуелната кампања. Алегри постојано сака да биде пофален и благодарение на неговите врски во медиумите останува на својата функција“, истакна Касано.

Тој беше дел од популарното интернет шоу на Кристијан Виери, но двајцата се разидоа и сега Касано се појавува во своја верзија на фудбалско шоу, покрај Даниеле Адани и Никола Вентола.

ПретходноРеал се израмни со Јувентус на врвот на вечната листа по бројот на титули!
СледноМадрид слави, Анчелоти порача: Во среда имаме важен меч, ќе славиме следниот викенд! (ВИДЕО)