Лука Дончиќ со уште една одлична партија успеа да го истурка Далас во второто коло од плеј-офот. Фантастичниот Словенец имаше 28 поени, 13 скока и 7 асистенции и заедно со Кајри Ирвинг доминираа на овој меч, а еден потег беше особено впечатлив.
Лука Дончиќ уште еднаш покажа колку добро ја разбира кошарката, колку добро ги следи движењата на соиграчите дури и кога изгледа дека не ги гледа. Уживајте во ова мајсторство на Словенецот.
Doncic casually looking and yelling at the ref while dropping the perfect dime is just PEAK Doncic. pic.twitter.com/UwtVB8JH6b
— Basketball Poetry (@bballispoetry) May 4, 2024
На шест меча со Клиперси, Дончиќ постигна 33, па 32, па 22 поени. Потоа постигна 29 поени, па 35 и 28. Во оваа серија забележа три дабл-дабл и два трипл-дабл. Сега неговиот тим ќе игра против Оклахома.