Челниците на Баерн Минхен се најдоа во огромен проблем откако објавија дека Томас Тухел го напушта клубот по крајот на сезоната, а тренерите кои се најдоа на списокот со кандидати ги одбија. Сега треба да бараат други решенија. Последен кој ги одби беше Ралф Рангник, одлучи да ја води репрезентацијата н Австрија.
Затоа во Минхен сега на сите начини се обидуваат да најдат нов тренер, а нова мета им е Роџер Шмит, кој моментално ја води Бенфика.
Наводно на Шмит му се јавиле челниците на Баерн кои му кажале дека се заинтересирани за неговите услуги, а и самиот е свесен дека за него тоа е животна можност која ќе биде речиси невозможно да се одбие.
Германскиот тренер е воодушевен од поканата од Минхен и изјави дека многу би сакал да дојде во Баерн, но проблемот е што има валиден договор со Бенфика до летото 2026 година, а овој клуб не сака да го пушти оди само така.
Иако Бенфика не е презадоволна од резултатите во последно време, јасно и е дека би можеле да профитираат и од покана од Минхен. Шмит нема да има проблеми да замине, но со многу јасна порака дека Баерн мора да ја плати откупната клаузула за него. Таа клаузула е 30 милиони евра и Баерн сериозно размислува да ја плати таа сума за Шмит, што доволно говори колку се очајни да го решат прашањето за нов тренер што е можно поскоро.