Полувреме: Цаке го замолкна Чаир, Радески за водство на Струга ТЛ и голема глупост на Укпа, 0:0 на Маџари (ВИДЕО)

1262

Попладнево се играат сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ. По првото полувреме Шкендија како гостин има водство од 0:1 на супер дербито на Чаир и тоа со голот на Цаке. И Струга ТЛ води и тоа на свој терен со 1:0 против Гостивар со голот на Радески. Шампионот остана со играч помалку по исклучувањето на Укпа кој направи голема глупост кога неотребно остро фаулираше гостински играч на средина од теренот.

May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text

На Маџари каде играат Вардар и Македонија ЃП резултатот е 0:0, а Воска и Работнички водат против Тиквеш и Силекс со головите на Дејли и Кочоски. Брера и Брегалница играат 1:1

ПретходноБаерн изгуби во Штутгарт, Вердер со реми на 2000. меч во Бундес
СледноМиовски стрела за победа за Абердин