Томовски: Ќе биде пеколно тешко, но верувам дека ќе се пласираме на Светското првенство!

295

Фарски Острови е пречката за македонската ракометна репрезентација на патот до пласман на ново Светско првенство. Секој кој ќе се обиде да го потцени овој тим може да го чини многу.

Сето ова им е јасно на нашите момци, знаат дека мора да одиграат беспрекорно на двете средби за да го заверат пласманот на Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Одбраната ќе биде клучна, „црвено-жолтите“ веќе стартуваа со подготовките за двомечот со Ф.Острови.

„Името и традицијата велат дека се неатрактивни, сепак ќе биде пеколно тешко. Најважно е што здравствениот билтен е одличен и сите ракометари се физички подготвени да одговориме на барањето на селекторот и верувам со ќе имаме успешен дел и ќе се пласираме на СП.

Играта ни е позната, сме имале голем број на противници со тој стил на игра, тактички ќе одговриме како што кажав брзата транзиција мораме да ја стопираме, главен адут им се средниот и левиот бек, но сите останати ракометари со исто добар квалитет, играат во добри лиги. Ги гледавме натпревари играат седум на шест, сите добро го познаваме тој дел ќе знаеме да одговирме на барањето. Клучна ќе биде добрата одбрана, на која да се стремиме, верувам дека можеме да радуваме на крајот“, изјави вардаровиот голман, Мартин Томовски.

Првиот натпревар се игра на 8. мај на гостински терен, додека реваншот е за четири дена во Скопје.

 

ПретходноМЗТ Скопје пред тешка мисија, Атанасов категоричен: Нема предавање!
СледноПМФЛ: Почнува разврската во битката за титулата, супер – дерби на Чаир, Струга ТЛ со Гега на победа против Гостивар