Екстра важна победа за Шкендија и тоа среде Чаир. Победа од 0:2 со која тетовци ги лансира за најголем кандидат за титулата ако се знае дека следниот викенд игра дома со Струга ТЛ. Секако дека и шампионот се прашува, а се чини дека Шкупи е најголем губитник зошто и Европа по се изгледа нема да ја види. Сепак има да се играат уште две кола до крајот а Шкендија и Струга ТЛ имаат по 61 бод а Шкупи 58.
Убава атмосфера на Чаир, голема поддршка за домашните, но на крај тага кај Ернест Ѓока и радост кај Јетон Беќири.
Интересно, еуфорија и во Тетово каде супер – дербито се гледаше на видеобим и после победата имаше голема радост кај фановите на Шкендија.
И дефинитивно Брегалница и Македонија ЃП се второлигаши, а за избегнување од тоа бараж место се Работнички, Силекс, Гостивар, Воска, Брера и Вардар. Една од овие шест екипи ќе игра бараж со Детонит.
Работнички го реши Тиквеш и покажа дека игра одлично во последно време.
Инаку еве како изгледа табелата после 31.коло:
ТАБЕЛА
Шкендија 61, Струга ТЛ 61, Шкупи 58, Тиквеш 42, Работнички 41, Силекс 41, Воска 40, Гостивар 40, Брера 38, Вардар 35, Брегалница 27, Македонија ЃП 26…бодови