ВМФЛ: Готово е, Пелистер и официјално се врати во елитата

1132

Готово е, дефинитивно е, и официјално Пелистер следната сезона ќе игра во нашата елитна лига. По две сезони играње во ВМФЛ, гордоста на Битола во сезоната 2024/25 ќе настапува во ПМФЛ.
Попладнево во Куманово тимот во рамките на 28.коло, успеа како гостин со 1:2 да слави над Башкими. Ако се знае дека и Детонит загуби во Охрид, тогаш се е јасно. Иако тимот на Влатко Костов самиот си ја заврши работата.May be an image of football, soccer and text

Честитки за Пелистер, кој заедно со Беса во следната сезона ќе игра во ПМФЛ. Детонит најверојатно ќе игра бараж, му треба само бод од двата последни меча да заврши како трет.

Беса како гостин го декласираше Тетекс со 0:7, додека Арсими беше убедлив во Прилеп каде што ја совлада Победа со 0:3. Осогово дома го победи Скопје и освои екстра значајни бода.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО

Башкими – Пелистер 1:2

Беласица – Вардар (Н) 0:0

Саса – Кожув 1:0

Новаци – Караорман 6:0

Охрид – Детонит 3:1

Осогово – Скопје 2:1

Победа – Арсими 0:3

Тетекс – Беса 0:7

ТАБЕЛА

Беса 73, Пелистер 67, Детонит 56, Арсими 50, Охрид 42..бода

ПретходноФудбалерите на Хетафе на терен со своите мајки (видео)
СледноOва е тимот на сезоната во Бундес лигата