Навивач на Аталанта е уапсен поради нацистички поздрав на Велодром

59

Француската полиција уапси навивач додека локалните власти ги истражуваат наводите дека навивачите на Аталанта давале нацистички поздрави и имитирале крик на мајмуни за време на полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа.

Олимпик и Аталанта ремизираа 1:1 во Марсеј, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа.

Еден навивач на италијанскиот клуб е снимен на трибините на стадионот Велодром како имитира крик на мајмуни, додека на друго видео објавено на социјалните мрежи се гледа како друг навивач го изведува нацистичкиот поздрав.

Француската полиција соопшти дека еден осомничен е уапсен и случајот е предаден на јавниот обвинител да ги истражи фактите.

Околу 2.800 навивачи на Аталанта отпатуваа во францускиот град на натпреварот.

Реваншот е закажан за следниот четврток во Бергамо.

ПретходноПаника во Минхен: Баерн ќе плати 30 милиони евра за тренер кој не беше на нивниот список
СледноМајсторија на Словенецот: Лука Дончиќ има „очи на грбот“ (ВИДЕО)