Сасуоло, пак, „лапна“ три бода од новиот шампион Интер

133

По 28 натпревари без пораз во италијанската Серија А оваа сезона, шампионот Интер потклекна вечерва на стадионот „Мапеи“, каде беше поразен од домашниот Сасуоло со 1:0.

Сасуоло беше тој што му го нанесе првиот пораз на Интер уште на крајот на септември минатата година, па сега и вторпат му пресуди.

Изненадувањето е уште поголемо ако се земе предвид дека Интер е убедливо прв, а Сасуоло се бори за „гол живот“ во Серија А, а овие три бода можат сериозно да му завршат работа.

Победничкиот гол за Сасуоло го постигна Лориенте во 20. Минута.

ПретходноМадрид слави, Анчелоти порача: Во среда имаме важен меч, ќе славиме следниот викенд! (ВИДЕО)
СледноШвјонтек и се реваншираше на Сабаленка и го освои Мадрид Опен