Светскиот рекет број еден, Ига Швјонтек триумфираше на ВТА Мастерсот во Мадрид, откако вечерва во финалето во три сета со резултат 7:5, 4:6, 7:6 (9:7) ја победи Арина Сабаленка (Белорусија), второпласирана на ВТА-листата.
Мечот траеше 3 часа и 12 минути. Интересно е што овој меч беше реприза на ланското финале, кога Сабаленка славеше во три сета, па Полјачката сега успеа да и се одмазди.