Атанасов по елиминацијата на МЗТ: Ова беше нашата најлоша партија во АБА2-лига

212

МЗТ Скопје битката за враќање во АБА-лига ја заврши во полуфиналето на плеј-офот во второлигашката јадранска конкуренција. Актуелниот македонски првак на реванш мечот беше далеку од сензација против Спартак Суботица, на гостински терен беше совладан со 98-64.

Освен првата четвртина, во продолжение МЗТ Скопје не личеше на себе, лесно му дозволи на противникот да „набилда“ позитива и без проблем да го приведе мечот за свое прво финале во АБА2-лига.

„Ова беше нашата најлоша партија во АБА2 лига. На мечот во Скопје имав некои замерки, но тука изгледавме така лошо, особено енергетски. Им честитам на Спартак, им посакувам успех во финалето“, беше кратката изјава на Васко Атанасов по елиминацијата.

На МЗТ Скопје му останува целосно да се фокусира на завршницата во македонскиот шампионат, каде го чека пресметката со ТФТ во полуфиналето, веќе има водство од 1-0.

ПретходноЛука Модриќ испиша историја во Реал Мадрид
СледноЧелзи тргна по Осимен, нуди двајца играчи и пари!