Лука Модриќ испиша историја во Реал Мадрид

291

Реал Мадрид победи со 3:0 против Кадиз на домашен терен, но откако Џирона ја совлада Барселона со 4:2, стана јасно дека мадридскиот тим е шпански првак на четири кола пред крајот на првенството.

За Лука Модриќ ова е четврта титула шампион на Шпанија со Реал Мадрид, а претходно беше шампион во сезоните 2016/17, 2019/20. и 2021/22.

Модриќ во првото полувреме доби големи овации од домашните навивачи, а ова е сигурно меч кој Хрватот долго ќе го памети.

Навивачите го скандираа неговото име, а на крајот Модриќ им се заблагодари со аплауз и изобилуваше со убави сцени на овој натпревар.

Лука Модриќ вчера стана и најстариот играч на Реал во Ла Лига, со што постави своевиден рекорд. Имено, тој со 38 години и 238 дена го „прескокна“ легендарниот Ференц Пушкаш. Рекордот го држеше Пушкаш, а имаше 38 години и 233 дена.

И не само ова кога сме кај историјата, со освојувањето на четвртата титула, Модриќ стигна до својот 25. трофеј во дресот на Реал Мадрид и стана играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот.

Модриќ не е единствениот играч кој има освоено 25 трофеи, но таа чест ја дели со Бензема, Марсело и Начо Фернандез.

ПретходноМурињо наскоро ќе се врати на тренерската работа!
СледноАтанасов по елиминацијата на МЗТ: Ова беше нашата најлоша партија во АБА2-лига