Ливерпул како во најдобрите денови, Тотенхем се спаси од катастрофа (ВИДЕО)

146

Фудбалерите на Ливерпул со убедливи 4:2 го совладаа Тотенхем на домашен терен во мечот од 36. коло од англиската Премиер лига. Избраниците на Јирген Клоп одиграа перфектен дуел се до 60 минута, а потоа му дозволија напротивникот да се врати во ритам и да ја ублажи катастрофата на „Енфилд“.

Ливерпул поведе во 16. минута со голот на Мохамед Салах, а предноста ја удвои Енди Робертсон во 45. минута од натпреварот. Коди Гакпо го искористи првиот опасен напад во 50. минута по одличното нафрлување на Елиот за 3:0, додека Харви Елиот го потврди својот квалитет и девет минути подоцна постигна фантастичен гол за 4:0.

Ришарлисон ја намали негативата на Тотенхем во 72. минута по асистенција на Џонсон, додека пет минути подоцна и Сон погоди за 4:2. Ливерпул оствари голема победа со која го потврдува најмалку третото место на табелата.

Претходно“Никогаш никого не сум споредувал со Џордан, но сега…!“
СледноМомците на Алонсо не знаат за доста, го декласираа и Ајнтрахт во Франкфурт