Шампионот Денвер не го започна добро полуфиналето во плеј – офот на Западот. И покрј тоа што Никола Јокиќ блескаше, сепак Минесота успеа да слави и да поведе во серијата со 1:0. На овој меч фантастичен беше младиот Ентно Едвардс кој постигна 43 поени и самиот ја донесе победата на Минесота.
По овој него настап свој коментар има легендарниот Александар Петровиќ, прославениот екс – југословенски и хрватски кошаркар, братот на Дражен Петровиќ кој на Твитер напиша:
“Никогаш, ама баш никогаш никого не сум споредувал со НАЈГОЛЕМИОТ, со Мајкл Џордан, но ноќеска си поставив едно хипотетичко прашање: Ентони Едвардс има само 22 години и доколку продолжи да тероризира во НБА следните десет години, дали е тој, тој?“.