Ненад Димитријевиќ на радарот на два италијански тима

136

Очекувано, како одминува оваа сезона, така нашиот репрезентативец е на листата на желби на бројни европски клубови. Има и зошто. Ненад Димитријевиќ блеска во дресот на Уникс Казан, тој го понесе признанието МВП за регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата. Ова е втора награда за него, откако минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на финалната серија.

По Фенербахче, дојде информација дека за услугите на Нено се заинтересирани два италијански тим. Станува збор за Олимпија Милано и Виртус Болоња.

Нено многу пати повтори дека прво сака да ја заврши сезоната со Уникс Казан, неговата желба е одбрана на титулат, па дури потоа ќе мисли дали ќе ја менува средината.

ПретходноЧелзи тргна по Осимен, нуди двајца играчи и пари!
СледноОфицијално: Беса е шампион во ВМФЛ, Пелистер е втор…(ФОТО)