Официјално: Беса е шампион во ВМФЛ, Пелистер е втор…(ФОТО)

626

Фантастичен, историски успех на тимот од Добри Дол. Не само што Беса на три кола до крајот, во вторникот, го обезбеди пласманот во елитата, овој тим вчера стави печат на супер – сезоната и со официјално пласманот на првото место. Значи Беса како шампион, и тоа пред Пелистер, ќе добие и пехар за најуспешниот тим во сезоната 2023/24 во Втората лига.No description available.

Секоја чест и честитки за клубот од Добри Дол.

Од друга страна и Пелистер, како втор, успеа да го официјализира пласманот во елитата, но битолчани немаат зошто да бидат премногу еуфорични. Тие успеаја само да го искористат падот во пролетниот дел на Детонит и да го искористат фактот дека оваа година во ВМФЛ ги немаше Гостивар, Воска, Вардар…како минатата сезона.

Колку да се знае дека Беса е шампион и тоа пред Пелистер.

ПретходноНенад Димитријевиќ на радарот на два италијански тима
СледноПотег кој ќе се памети: “Шверцери“ со аплаузи за Шкендија! (ВИДЕО)