Потег кој ќе се памети: “Шверцери“ со аплаузи за Шкендија! (ВИДЕО)

2791

Иако Шкупи беше поразен на свој терен, иако Шкупи веројатно ја загуби титулата, па и Европа, сепак најверните фанови на овој тим, “Шверцерите“, покажаа дека знаат да направат потег за паметење.

Имено по мечот, тие со ракоплескање и извици – Шкендија, Шкендија, им ја честитаа заслужената победа на тетовци на вчерашното супер – дерби од 31.коло во ПМФЛ кое гостите го добија со 0:2.

Како што се гледа од видетото на ОПЕН – ТВ, тие прво упатија свирежи до припадниците на МВР со цел да се тргнат од теренот а потоа упатија аплаузи кон момците на стратегот Јетон Беќири.

Нема што, потег за паметење, ако се знае што се случуваше пред две години токму на Чаир и токму против Шкендија.

Кога е нешто убаво тоа треба и да се одбележи.

ВИДЕО: ОПЕН – ТВ

ПретходноОфицијално: Беса е шампион во ВМФЛ, Пелистер е втор…(ФОТО)
СледноНов удар за баварците: И Тухел го “откачи“ Баерн!