Нов удар за баварците: И Тухел го “откачи“ Баерн!

2301

Пред два месеци му беше кажано дека по завршување на сезоната тој ќе мора да го напушти клубот од повеќе причини. Како што одминуваше времето Баерн Минхен по водство на Томас Тухел играше се подобро во ЛШ и има шанси да заигра и во финалето на “Вембли“. И тоа беше мал знак дека Тухел би можел да остане, посебно ако се знае дека баварците добија “корпа“ од Чаби Алонсо, потоа од Јулиен Нагелсман па Ралф Рангник, по се изгледа дека никој не сака да дојде на “Алијанц Арена“ и раководството на клубот се сврте кон Тухел со цел да остане, а тој на ова има свој коментар:

За мене се е јасно. Откако се договоривме да си одам по крајот на оваа сезона клубот активно работеше на ангажман на нов тренер, дури и во моментов се во потрага. После се јадно би било да ми кажат – “Ајде остани уште една сезона“. Не. Што се однесува до мене се е кристално јасно, по завршување на сезоната јас си одам од Баерн“ посочи Тухел.

ПретходноПотег кој ќе се памети: “Шверцери“ со аплаузи за Шкендија! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: ПСВ е шампион на Холандија! (ФОТО)