Легендарниот Аргентинец Сезар Луис Меноти почина во 85-тата година од животот. Поранешниот селектор на Аргентина кој ја освои светската шампионска титула во 1978 година вепе и поранешен тренер на Барселона и Атлетико Мадрид.
Меноти почина по долго боледување кое го оттргна и од јавниот живот во последните месеци.
Смртта официјално ја објави АФА, Фудбалската федерација на Аргентина, каде легендарниот „Ел Флако“ до неодамна беше директор на репрезентацијата.