Освојувачот на Австралија Опен не знае дали ќе може да игра на Ролан Гарос

393

Освојувачот на трофејот на Австралија Опен, Јаник Синер не е сигурен дали ќе биде подготвен за да настапи на Ролан Гарос. Може да се случи Италијанецот да не биде подготвен за вториот Грен слем сезонава, откако пред неколку дена се повлече од Мастерс турнирот во Мадрид, а потоа го откажа учеството и на Мастерсот во Рим.

Освојувачот на АТП трофеи оваа година од Ротердам и Мајами, кој има само два загубени меча од почетокот на 2024 година, не крие дека има проблем со десниот колк.

„Ќе играм на Ролан Гарос само ако бидам 100% подготвен. Не сакам да навлегувам во детали за повредата. Прво мислевме дека не е ништо сериозно, но анализите покажаа дека нешто не е во ред“, изјави Синер.

„Едно е сигурно – ако не се опоравам како што треба, тогаш ќе ми треба повеќе време да одморам. Не сакам да изгубам три години од мојата кариера. Ме боли што не играм сега, но морам да дадам се од себе за да го излечам моето тело и тоа е најважно“, објасни Синер.

ПретходноПочина Сезар Луис Меноти, човекот со кој Аргентина го освои СП 1978
СледноЛука Станковски со асистенција за нова победа на Тузласпор (ВИДЕО)